Познато колку засега ќе отсуствува Марк Маркез

Деветкратниот светски шампион Марк Маркез ќе ги пропушти претстојните трки во Австралија и Малезија поради скршена клучна коска здобиена на Големата награда на Индонезија.

Маркез се повреди откако беше турнат од патеката од возачот на Априлија, Марко Беѕеки, во првиот круг од 18-тата трка од сезоната. На Шпанецот веднаш му беше дијагностицирана фрактура, но беше нагласено дека повеќе ќе се знае кога ќе пристигне во Мадрид и ќе изврши подетални прегледи.

Маркез пристигна во шпанската престолнина во понеделникот попладне, каде што прегледите покажаа дека има фрактура во основата на коракоидниот процес на клучната коска и повреда на лигаментот на рамото. Подетален преглед покажува дека новата фрактура нема никаква врска со претходните повреди што ги имаше Шпанецот и дека нема значително поместување на коските.

Лекарите кои се грижат за состојбата на Маркез се одлучија за конзервативен пристап кон закрепнувањето, кој вклучува одмор и мобилизација на повреденото рамо додека повредата не заздрави, што значи дека новиот шампион сигурно нема да вози во Австралија и Малезија, а се очекува на патеката да се врати за последните две трки во Португалија и Шпанија.

Се вчитува...