Познато со кои ракометарки ќе настапи Франција на ЕП во Скопје

Селекторот на женската ракометна репрезентација на Франција, Оливие Крумболц, го објави списокот на ракометарки на кои ќе смета на Европското првенство кое за помалку од еден месец ќе се игра во Македонија, Словенија и Црна Гора.

Дел од тимот кој на стартот на шампионатот ќе игра токму против Македонија нема да бидат поранешните вардарки Алисон Пино и Александра Лакрабер кои беа дел од поширокиот список, но не успеаја да се најдат во бројката од 20 ракометарки кои ќе дојдат во Скопје.

Франција пред дуелот со Македонија што ќе се игра на 5 ноември, ќе одигра две пријателски средби на 28 и 30 септември против Полска во Сесон и Нант.

Се вчитува...