Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се повлече од турнирот во Доха. Организаторите објавија дека двократниот шампион на ова натпреварување нема да игра затоа што е премногу уморен.
„На Катар ќе му недостигаш. Ти посакуваме брзо закрепнување“, беше објавено на социјалните мрежи на турнирот.
Пред нешто повеќе од една недела, Новак стигна до финалето на Австралија Опен, каде што беше поразен од Карлос Алкараз.
Шпанецот ќе биде првиот носител во Доха, каде што, меѓу другите, ќе настапи и Јаник Синер.
Минатата сезона, Алкараз загуби во четвртфиналето од Јиржи Лехечка, додека ова ќе биде прв настап на Синер.
Новак ја освои Доха во 2016 и 2017 година, а неговиот резултат на овој турнир е 15-3. Како и да е, неговиот следен турнир треба да биде Мастерсот во Индијан Велс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

