Ракометарите на хрватскиот шампион ППД Загреб несреќен пораз на домашен терен од Динамо Букурешт со 28-29 во натпревар од 6. коло во новата сезона во Лигата на шампионите.
Целиот натпревар помина во егал игра. Во првите 30 минути не постоеја одбрани на двете страни, а домаќините на пауза заминаа со позитива од еден гол 16-15. Во второто полувреме конечно се докажаа одбраните на двата тима. Двата тима одиграа цврсто во одбраната, игра во која на крајот подобро се снајде гостинскиот тим, и со пенал по истекот на времето стигна до конечен триумф од 28-29. Негру со седум гола беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените Срна и Дибиров завршија со по осум гола.
Во вториот натпревар од терминот во 18.45 часот норвешки Елверум славеше на домашен терен против словенечкиот Целје со 31-29. Грондал со осум погодоци беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Жабиќ заврши со осум погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА