Ракометарите на хрватскиот шампион ППД Загреб направија голем чекор кон нокаут фазата во Лигата на шампионите, откако вечерва на гостувањето во Норвешка му одржаа лекција на Колштад совладувајќи го со убедливи 25-34.
Загрепчани уште од самиот старт почнаа фуриозно па веќе на полувреме имаа убедлива предност од осум гола (10-18). Во вториот дел ракометарите на Загреб само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 25-34. Милош Кос и поранешниот вардарец Куни Моралес со пет гола беа први имиња кај победникот, додека кај поразените Улштад Лисе постигна шест гола.
Во останатите два меча од програмата од 18.45 часот: Алборг со совлада Пик Сегед со 31-26, додека Магдебург беше сигурен на гостувањето кај Целје 27-37.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА