Ракометниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Порто и ППД Загреб нема да се одигра во четврток, како што беше планирано, бидејќи хрватскиот шампион не можеше да отпатува за Португалија.
Таа утакмица требаше да се игра во четврток од 20.45 часот, но беше одложена бидејќи загрепчани не можеа да стигнат до Португалија на време. Ракометарите на хрватскиот шампион во средата рано наутро полетаа за Франкфурт, од каде ги чекаше нов лет за Порто. Но, летот беше откажан. Во средата беа откажани дури 200 летови на Луфтханза, па околу 15.000 патници останаа заглавени на аеродромот во Франкфурт не знаејќи кога ќе можат да полетаат.
Застојот настанал поради работи кои ги оштетиле каблите за широкопојасен интернет и со тоа влијаеле на ИТ системот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА