Главниот град на Чешка, Прага ќе биде домаќин на второто финале во Лигата на Конференции, соопшти денеска европската куќа на фудбалот (УЕФА). Стадионот „Еден Арена“ на кој игра Славија Прага, ќе биде домаќин на финалниот натпревар предвиден за 7. јуни 2023 година.
Стадионот „Еден Арена“ е отворен во 2008 година, и оваа арена беше домаќон на европскиот Супер-Куп во 2013 година, кога Баерн после пенали го совлада составот на Челси, а две години подоцна на тој стадион е одиграно финалето на ЕП за играчи до 21 година.
Првото финале на Лигата на конференции се игра во Тирана на 25. мај годинава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА