Пaрагваец, Бразилец и Португалец ќе се борат за наградата „Пушкаш“ (ВИДЕО)

ФИФА ги одреди тројцата финалисти кои ќе се борат за наградата „Пушкаш“, која се доделува за најубавиот гол во изминатата година.

На листата се Хулио Енкисо од Парагвај кој игра во дресот на Брајтон и кој во мај 2023 година постигна прекрасен гол против Манчестер Сити. Бразилецот Гилерме Мадруга игра за Ботофого, и постигна гол со ножички од 25 метри. Трет на оваа листа е португалскиот фудбалер Нуњо Сантош од Спортинг, кој постигна гол со „рабона“.

Се вчитува...