Довчерашниот стратег на Валенсија, Чезаре Прандели при завршувањето на оваа сезона, би можел повторно да седне на столчето на Фиорентина, пренесува „Тутоспорт“.
Имено, моменталниот тренер на „виолетовите“ Пауло Суса ќе се раздели со тимот од Фиренца, а како негов наследник се споменува токму Прандели. Тој беше предводник на Фиорентина од 2005 до 2010 година, кога клубот прикажуваше добри партии, каде на 241 натпревари, Фиорентина со Прандели победи 119 мечеви, 54 пати одигра нерешено и претрпе 68 порази.
После неговото заминување од Фиренца, Прандели ја водеше националната селекција на Италија, менаџираше со Галатасарај, а пред неколку дена ја напушти Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА