Поранешниот германски репрезентативец Дитмар Хаман во интервју за Би-Би-Си изјави дека Германија мора да ги реши огромните проблеми што ги има пред Европското првенство.
Репрезентацијата во септември ја презеде Јулијан Нагелсман, кој е најмладиот селектор во историјата на „панцирите“а. Неговиот договор истекува по Европското првенство.
„Прашањето е што ќе правиме под водство на Нагелсман. Мислам дека прашање е и дали тој ќе ја води репрезентацијата на Европското првенство. Имаме два натпревари во март, играме со Холандија и Франција и ако ги загубиме двата, мислам дека не можете да одите на турнирот со тренерр кој ги загубил последните четири натпревари“, рече Хаман.
Германија ќе го одигра првиот натпревар на турнирот против Шкотска на 14. јуни во Минхен, а во групата А се и Унгарија и Швајцарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА