Правилото кое го ограничува метеорскиот прогрес на Коко Гоф

Суперталентираната тинејџерка, Коко Гоф, којa го воодушеви светот со настапот на Вимблдон кога ја елиминираше Венус Вилијамс, за потоa да биде поразена од освојувачката на титулата, Симона Халеп, мора да се соочи со големо ограничување околу турнирските настапи до крајот од оваа година.

Во тенисот постои правило според кое на нејзина возраст од само 15 години може да се учествува вкупно на 10 ВТА и ИТФ турнири, а можат да се добијат и само три вајлд-карти. Гоф веќе ги искористи трите при учествата на Ролан Гарос, Вимблдон и на Мастерсот во Мајами.

Сега ќе мора да чека на можноста за специјална покана се до нејзиниот роденден на 20 март, следната година.  Коко Гоф го доби признанието за откритие на годинашното издание на Вимблдон.

Поради огромниот успех што го постигна, многу веројатно сепак ќе биде Коко да се појави и на УС Опен. Директорот на турнирот најави дека тие нема да дозволат младата Американка да не биде дел од последниот грен-слем во годината. Според досегашните реакции се чини ниту ВТА нема да се противи.

Се вчитува...