Правилото воведено поради короната, влегува во официјалните правила на фудбалот

Користење на пет измени во три дела е воведено поради пандемијата на коронавирус. Но, сега се подготвува да биде и официјално запишано во Правилата на фудбалската игра на состанокот во Доха утре, соопшти Одборот на Меѓународниот фудбалски сојуз (ИФАБ).

Од почетокот на пандемијата во 2020 година, беа дозволени пет измени по екипа, и ќе останат во официјалните правила.

Премирлигата дозволи пет замени во 2020 година, но се врати на три во последните две сезони. Но, прифатија од следната сезона да има пет замени кои треба да бидат направени на три пати во текот на натпреварот.

Се вчитува...