ПСЖ има негатива од 1-0 на полувремето од натпреварот против Рен, а многу малку фалеше работите да бидат спротивни откако во 31. минута од натпреварот Лео Меси при изведување на слободен удар ја погоди пречката.
Аргентинецот одлично го изведе слободниот удар, а топката се одби од блокот на противничкот играч и го смени правецот на движење, но пречката беше спасителот на домашниот тим.
Претходно промашуваа и Нејмар и Мбапе, а по неискористените шанси на „светците“ стигна казната на спротивниот дел од теренот кога при самиот крај на првото полувреме, Рен преку Гаедан Лаборд успеа да стигне до предност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА