На денешен ден пред 29 години Црвена звезда предводена од капитенот Илија Најдвски се закити со титулата светски клупски првак, најголем успех во фудбалската историја на поранешна Југославија.
Оние повозрасните добро се сеќаваат, мечот се играше во Токио, ривал беше Коло Коло, но „црвено-белите“ во ниту еден момент не му дозволија на чилеанскиот клуб да се понадева на победа. Владимир Југовиќ беше човекот на одлука со два гола за водство од 2-0, пред Дарко Панчев да ги постави конечните 3-0.
Пехарот прв го крена Македонецот Илија Најдовски, кој беше капитен на Црвена звезда на тој историски натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА