Аргентинскиот интернационалец Папу Гомез, остана без клуб откако Севилја се одлучи да му го раскине договорот. Фудбалерот и натаму нема најдено клуб, иако се поврзуваше со враќање во Серија „А“ во тимот на Монца.
Меѓутоа сега ја шокираше јавноста откако најави можност и за пензионирање, и тоа после само девет месеци откако со Аргентина го подигна трофејот од Светското првенство во Катар.
„Ја чекам вистинската шанса, ако не, тогаш ќе се пензионирам. Вложив се во фудбалот, и не сакам да завршам со горчлина. Фактот што сум светски првак и натаму ми е нереален. Сфатиот сам дека напорната работа се исплати. Се што работев, ми се врати со тој трофеј“, рече Гомез.
35-годишниот Гомез во Европа стигна во 2010 година во Катанија, а потоа замина во украински Металист. Пред девет години се врати во Италија и потпиша за Аталанта каде го играше најубавиот фудбал. Последните две и пол години ги мина во Севилја, но беше далеку од формата која ја имаше во Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

