Следното, 20. коло во Евролигата носи суперинтересен натпревар во Атина каде во четврток со почеток од 20 часот и 15 минути силите ќе си ги одмерат Панатинаикос и Партизан.
А, пред долгоочекуваниот спактакл грчкиот тим доби лоши вести откако изгледа дека остана без услугите на искусниот плејмејкер Костас Слукас. Гркот се повреди пред дуелот од домашното првенство во Паок и ја пропушти средбата во „Оака“.
Станува збор за повреда на листот, повреда која се чини дека нема да биде лесно надмината, но медицинскиот тим на актуелниот евролигашки шампион ќе се обиде да ја санира пред следниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА