Пред два месеци излезе од затвор, сега веќе има своја фирма

Само два месеци откако беше пуштен од затвор по казната од четири и пол години затвор за силување, Алвеш најде нова работа. Бразилецот беше ослободен од затвор на 25. март откако плати кауција од еден милион евра.

На Алвеш судот му ги одзеде бразилскиот и шпанскиот пасош, а доколку сака да ја напушти Шпанија мора да побара дозвола од судот на кој мора да се јавува секој петок.  Бидејќи требаат пари за неговата слобода, Алвеш започна сопствен бизнис.

Основаше агенција која ќе ги претставува професионалните спортисти. Компанијата се вика „OQP Sport and Management“, а покрај менаџерската работа ќе управува и со имиџот на спортистите.

Компанијата е веќе регистрирана во комерцијалните регистри на Шпанија со седиште во Барселона и основачки капитал од 30.000 евра.

Се вчитува...