Пред две години вредеше милиони, а сега не може да најде клуб

Поранешниот младински репрезентативец на Англија, а сега член на репрезентацијата на Бурунди, Саидо Берахино не може да пронајде клуб.

25-годишникот настапи на пријателски меч за францускиот Ним, меѓутоа од тимот не му беше понуден договор. Тој во моментов тренира со Цулте-Варегем, но не се знае дали белгискиот тим ќе му понуди договор, бидејќи се уште ги нема решено проблемите со Стоук Сити, тим за кој е обврзан до 2022 година. Имено, напаѓачот во мај месец беше прогласен за виновен бидејќи возел под дејство на алкохол, по што од англискиот клуб решија да го раскинат договорот со него, на што тој упати жалба која се уште се разгледува.

Тој пред две години од редовите на Вест Бромвич Албион премина во Стоук Сити за сума од 15 милиони евра. Во годините поминати во ВБА беше дел и од младинските репрезентации на Англија, а се сметаше и за еден од најталентираните фудбалери кои играат на Островото.

Се вчитува...