8.август 2017 година засекогаш ќе остане запишан во историјата како датум кога македонската метропола Скопје беше епицентар на фудбалска Европа. На арената „Филип Втори“ во Скопје се одржа Суперкупот на УЕФА, а во нашата земја пристигнаа фудбалските гиганти Реал Мадрид и Манчестер јунајтед. Спектакл кој ретко може да се доживее и уште долго ќе биде наша гордост.
Од едната страна европскиот првак предводен од Зинедин Зидан, а со мегаѕвезди како Кристијано Роналдо, Герет Бејл, Серхио Рамос, Марсело, Тони Крос…Од другата страна, Жозе Мурињо со Пол Погба, Ромелу Лукаку, Маркус Рашфорд, Давид де Хеа…
Реал Мадрид го совлада Манчестер јунајтед со 2-1 и стана прв клуб во историјата кој го одбрани трофејот, а отворањето на манифестацијата беше проткаено со македонските симболи кои низ етерот ги виде целиот свет.
Но, Македонија ја покажа и својата ’лоша страна’, хотелите енормно ги зголемија цените, а во последен момент на арената „Филип Втори“ се монтираа клима-уреди…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА