Maкедонскиот фудбалски прволигаш Пелистер објави дека утре пред почетокот на натпреварот од 15. коло на Првата фудбалска лига против Македонија Ѓорче Петров (12.30 часот) ќе биде одбележан крајот на кариерата на нашиот поранешен фудбалер Благоја Љамчевски.
„Тој е изданок на школата на клубот, а на крајот од минатата сезона се одлучи да ја заврши професионалната кариера. ФК Пелистер се одлучи да го одбележи неговиот пат во зелено-белиот дрес со пригодна свеченост“, стои во соопштението на ФК Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

