Македонската ракометна репрезентација го заврши настапот на Светското првенство на одлично 15. место со учинок од две победи, две нерешени натпревари и два порази од кои еден скандалозен.
Македонија одигра одлично на шампионатот, а еден од најдобрите ракометари несомнено беше Филип Кузмановски кој пред почетокот на четвртфиналните средби се уште е најдобар поентер на светскиот собир.
Со 49 голови Кузмановски е на делба на првата позиција со Данецот Матијас Гидсел, но со помалку упатени обиди (71, наспорти 73). Ефикасноста на Македонецот е со 69 отсто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

