Пред Велигден сум се разиграл…Ракометарите во претпразнично работен ритам (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Машката ракометна репрезентација на Македонија во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ги одработува подготовките во рамките на неделата на ЕХФ. Од оние што ги планираше слеекторот Раул Гонзалес, оправдано отсутен деновиве е новопечениот татко, Борко Ристовски.

Проблем за селекторот Раул Гонзалес, засега е само повредата на Стојанче Стоилов. Пикерот на Вардар има повреда на задната ложа и ќе биде на поштеда во преостанатиот дел од подготовките. Без Стоилов, но и без капитенот Кире Лазаров, Македонија во сабота зад затворени врати ќе ги одмери силите со селекцијата на Русија која исто так ги одработува подготовките во Скопје, но на другата страна од градот, во СЦ „Јане Сандански“. Тоа ќе биде прва и воедно единствена проверка за македонската репрезентација пред јунскиот бараж со Романија за место на СП 2019 во Германија и Данска.

 

Се вчитува...