Пред ждребот: Најтешката и најлесната група што може да ја добие Македонија

Македонските фудбалери вечерва ќе ги дознаат ривалите за следниот квалификациски циклус, во обид да се пласираат и на претстојниот Светски шампионат што во 2022 година ќе се одржи во Катар.

Најдобра варијанта дефинитивно би била од носителите за ривал да ја добиеме Данска, додека од второрангираните селекции да се сретнеме со Словачка. Финска барем на хартија важи за најслаб ривал од селекциите од третиот шешир, додека од репрезентациите од петтиот шешир во најдобра варијанта би се сретнале со Андора.

Кога станува збор за најтешката група за Македонија, во „црното сценарио“ би се сретнале со Франција, Швајцарија, Норвешка и Ерменија.

Извлекувањето на групите за квалификациите за СП 2022 ќе се одржи во Цирих со почеток во 18 часот.

Се вчитува...