Македонските претставници Шкендија, Ренова и Силекс на утрешната ждрепка во 13 часот ќе ги дознаат следните противници во квалификациите од Лигата на Европа.
Шкендија е носител поради добриот рејтинг од настапите во претходните години, тетовските „црвено-црни“ се наоѓаат во шестиот шешир во друштво на Партизан и на БАТЕ Борисов, ривали со кои тетовци не можат да се сретнат. Неносители во овој шешир се ЦСКА Софија од Бугарија, Ботосани од Романија и Сфинтул од Молдавија, еден од овие три тима ќе биде противник на Шкендија во наредното квалификациско коло.
Ренова по елиминацијата на Алашкерт повторно ќе ја има улогата на неносител. „Гипсарите“ за ривал на утрешната ждрепка ќе добијат еден од следните три тимови: Волфсбург од Германија, Хајдук од Хрватска и Зрињски од БиХ.
Силекс продолжува со европски битки против ривали кои исто така беа елиминирани од квалификациите за ЛШ. Потенцијални противници на кратовци во следната рунда се Арарат, Кохан Квеј, Дрита, Фола Еш, Астана, Будуќност и Астана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА