Пред ждрепката за ЛШ: Мега-спектакли уште во разигрувањето за осминафинале

Добро познати се имињата на клубовите кои обезбедија директно место во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Во осминафинале место си обезбедија Ливерпул, Барселона, Арсенал, Интер, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Лил и Астон Вила, но сите погледи денеска на пладне ќе бидат насочени кон ждрепката за двојките кои ќе се соочат во разигрувањето за место во осминафинале.

Екипите кои се пласираа од 9. до 24. место во првата фаза, ќе разигруваат за пласман во осминафинале, со најава за извонредни мега-спектакли кои носат сериозни возбудувања. Можни се пресметки и како Манчестер сити со Реал Мадрид, Јувентус со Милан, Монако со ПСЖ…

Се вчитува...