Младинската репрезентација на Македонија го освои 13. место на Европското Првенство – Б дивизија, што се одржуваше во Романија, откако во денешниот меч за пласман „црвено-жолтите“ славеа над Албанија со резултат 71-65.
Разочарувачки, Албанците беа подобар противник се до последната четвртина, што нашите младинци ја добија со 22-13, го свртеа резултатот во своја полза и стигнаа до победата. Виктор Ефремовски го одигра својот најдобар меч постигнувајќи 30 поени, додека Маслинко и Робев реализираа по 14 поени за „црвено-жолтите“.
Пласманот на 13. позиција е уште еден доказ за очајната состојба во која се наоѓа македонската младинска кошарка, со оглед на фактот дека ова е друштво во кое не се дел елитните европски селекции, а ние се доведовме во ситуација да губиме од Косово, а да ни требаат продолженија за да ја совладаме Албанија (во премиерниот меч на шампионатот).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА