„Предавникот“ на Арсенал и „промашувањето“ на Манчестер Јунајтед пред камбек на „Островот

Алексис Санчез оваа зима може да се врати на „Островот“ откако интерес за неговите услуги покажа Евертон. Тимот на Рафа Бентиез е на прагот да остане без напаѓачите Калверт-Луин и Ричарлисон, а шпанскиот тренер во чилеанскиот репрезентативец гледа спас на сезоната.

Санчез е фудбалер на Интер, но не е во плановите на тренерот Инзаги па клубот е подготвен да го пушти напаѓачот да замине како слободен играч, без обесштетување само да се ослободи од големите примања на 33-годишникот.

Санчез во Премиерлигата успешно го носеше дресот на Арсенал од 2014 до 2018 година, но го остави тимот на цедило откако замина во Манчестер Јунајтед. Таму со себе не успеа да ја пренесе одличната форма со 80 постигнати гола на 166 натпревари, напротив на 45 натпревари постигна само пет гола по што следеше трансфер во „нероаѕурите.

Се вчитува...