ПРЕДАВСТВО НА ГОДИНАТА: До вчера Хезоња зборуваше како останува во Реал, а денеска потпиша за Барса

Неверојатна ситуација се случи во шпанската кошарка, а главен актер во целиот хаос е хрватскиот репрезентативец, Марио Хезоња.

Хезоња кој последните две години беше еден од најдобрите кошаркари на Реал Мадрид, само пред неколку дена говореше дека е премногу среќен во дресот на тимот од главниот град на Шпанија.

Сепак, денеска дојде шокантна информација од Шпанија, со која Хезоња и дефинитивно го добива епитетот предавник на годината. Имено, Хрватот се договорил со најголемиот ривал на „кралевите“, Барсeлона со која потпиша четиригодишен договор.

Хезоња кариерата ја почна токму во Барселона, а играше и за Орландо, Њујорк, Портланд, Панатинаикос и Уникс Казањ.

Се вчитува...