Раководството на Милан ова лето ќе се обиде да го донесе Мауро Икарди на позајмица од ПСЖ, пренесуваат италијанските медиуми. Аргентинскиот голгетер е прекуброен во редовите на францускиот клуб и ќе го продолжи трендот со заминување на позајмици доколку не се најде заинтересиран купец.
Претходната сезона поранешниот аргентински репрезентативец ја помина во редовите на Галатасарај каде постигна 23 голови на 26 натпревари.
Икарди важи за легенда на Интер чиј дрес го носеше од 2013 до 2020 година, но неславно замина од „Сан Сиро“ со бројни јавни несогласувања со управата и со навивачите на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА