Поранешен фудбалер на Арсенал, Арон Ремзи се наоѓа пред трансфер во Тотенхем со што велшкиот репрезентативец треба да постане второто засилување на Нуно Еспирито Санто, пренесуваат англиските медиуми. Тој долго време беше миленик на фановите на „топчиите“, кои нема сомнеж дека ќе бидат разочарани ако Ремзи направи предавство и се пресели во редовит на омразениот лондонски ривал.
Ремзи, кој го носеше дресот на „топчиите“ од 2008 до 2019 година како слободен играч замина во Јувентус, но не успеа да се наметне во редовите на „страта дама“. Играчот од средниот ред за клубот од Торино одигра 46 натпревари, а сега се наоѓа пред враќање на „Островот“.
Пред преминот во Јувентус, Ремзи на трансфер маркетот вредеше 40 милиони евра, но оваа сума значително падна во последните две години па доколку Тотенхем го осигура овој трансфер истиот се проценува на околку 15 милиони евра.
Директорот Паратичи кој тогаш го донесе Ремзи во Јуве сега е прв оперативец во Тотенхем, а токму тој се очекува да биде „главен играч“ во преговорите да се убеди Велшанецот на враќање назад во Премиер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА