Предизвик за навивачите: Врескај најсилно што можеш (фото)

ЕКИПА во Минхен,

Стеван Цаневски

Трибините на „Олимпија Хале“ синоќа беа исполнети до последно место за дуелот Исланд – Хрватска, а во фан-зоната навивачите имаа можност да си ги испробаат и гласовните можности.

Имено, во дел од зоната со назив „Fan Roar” навивачите ја ставаат главата внатре во фудбалска топка и врескаат најсилно што можат пред уредот за мерење на гласноста.

Врв е да бидеш прогласен за „Фан Тастик“, потоа следи „Супер, но секогаш е глупаво кога си втор“…

Се вчитува...