Предлог Купот на Германија да го носи името на Франц Бекенбауер

Германија продолжува да тагува за загубата на еден од најдобрите играчи на историјата во Бундеслигата, Франц Бекенбауер кој почина на 78-годишна возраст.

Целиот свет му оддаде почит на легендарниот Германец, кој ја освои светската титула и како играч, и како тренер.

Во Германија стигнуваат предлози вечно да се слави неговото име, па затоа предлогот е Купот на Германија да го носи името на Бекенбауер. Еден од предлагачите е екс селекторот на оваа селекција, Берти Фогтс.

„Важно е неговото име да не го заборават идните генерации на фудбалери. Можеби федерацијата треба да размисли за преименување на Купот на Германија во Куп на Франц Бекенбауер“, изјави Фогтс, кој беше соиграч на Бекенбауер во тимот кој стигна до светската шампионска титула во 1974 година.

Бекенбауер играше на позицијата „либеро“, измислена по негоите настапи. Беше плејмејкер зад одбраната, а после него Германија долго време играше со либеро. После него таа улога ја имаа Матијас Замер и Лотар Матеус, кој кога се пензионираше, се загуби и таа улога во фудбалот.

Се вчитува...