Предлог на ФИФА: Во секоја земја да има по еден стадион кој ќе се нарекува „Пеле“

Претседателот на светската фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино, ќе предложи секоја земја да има по еден стадион кој ќе се нарекува по починатата бразилска легенда Пеле.

Инфантино замина на погребот на Пеле во Бразил. Легендарниот бразилски фудбалер ќе биде погребан утре.

„Ќе предложам секоја земја на светот да именува еден стадион по Пеле“, порача првиот човек на ФИФА од Бразил.

Ковчегот со посмртните останки на Пеле рано утрово е на стадионот на Сантос, каде што ја мина речиси целата кариера.

„Сите кои ја сакаме оваа преубава игра, се надевавме дека овој ден нема да дојде. Денот кога го загубивме Пеле. Неговиот живот беше повеќе од живот на обичен фудбалер. Ја промени перцепцијата на подобро во Бразил, Јужна Америка и ширум светот. Неговото наследство не е возможно да се опише со зборови“, рече Инфантино.

Се вчитува...