Претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Србија поднесе оставка од функцијата на денешната седница на УО.
Сојузот после седницата излезе со официјално соопштение за оставката на Даниловиќ, но не потенцираше кој ќе го наследи на оваа позиција. КСС треба да назначи претседател најдоцна до 1. октомври.
„Денеска во Куќата на кошарката се одржа 62-та седница на Управниот одбор на Кошаркарскиот сојуз на Србија, на која претседателот на Српскиот кошаркарски сојуз, Предраг Даниловиќ донесе одлука да поднесе оставка, која ќе стапи на сила на 1 октомври 2024 година“, стои во соопштението на КСС.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

