Поранешниот југословенски репрезентативец и истакнат член на Партизан и Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ е казнет во Шпанија поради тоа што не поднесува финансиски извештаи.
Имено, поранешниот фудбалер, но и спортски директор на „кралскиот клуб“ е казнет од Даночната управа во Шпанија бидејќи не ги пријавил парите што ги добил од агенти.
Како што пренесува шпански „Периодико“, таа готовина била префрлена од сметка во Луксембург. Мијатовиќ е санкциониран на 22. декември 2023 година поради неточни податоци за средствата што му стојат на располагање и кои ги користел. Тогаш беше донесена пресуда во Врховниот суд на Мадрид, но „Периодико“ дури сега дојде до оваа информација и ја обелодени во јавноста.
Наводно, Мијатовиќ се стекнал со околу еден милион евра заеми од две швајцарски фирми што ги поседува. Сепак, тоа не беше прикажано во Шпанија, а властите не знаеја ништо за тоа. Со тие пари Мијатовиќ купил вила во богат дел на Мадрид. Кога ќе биде потврдена пресудата, ќе треба да плати казна од 285.000 евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

