Капитенот на Хрватска, Лука Модриќ ќе го одигра својот последен натпревар за „кралскиот клуб“ на „Сантијаго Бернабеу“ следниов викенд. Иако тој ќе биде дел од тимот на Светското клупско првенство следното лето, клубот објави дека нема да го продолжи договорот со Модриќ, кој по 13 години си заминува од клубот.
Модриќ беше подготвен да прифати помала плата и маргинализирана улога во тимот за да остане на Бернабеу, но по неуспешната сезона, Реал одлучи целосно да го обнови тимот со нов тренер, а во него не е вклучен играчот кој ќе наполни 40 години во септември.
„Го познавам Лука многу добро, неговата глад за фудбал… Тој нема да остане во Шпанија, но немојте да се изненадите ако заврши во Англија, Италија или Германија. Многу клубови го сакаат. Мислам дека ќе остане во Европа. Тој сè уште сака да се натпреварува“ – вели Предраг Мијатовиќ.
За 12 години во Реал, Модриќ заработил 140.000.000 евра бруто од плати.
Лука Модриќ е најтрофејниот играч во историјата на Реал Мадрид со 28 титули, вклучувајќи шест титули во Лигата на шампионите. Пред Реал, тој играше за лондонски Тотенхем, а порасна во загрепски Динамо, кој го испрати на позајмица во мостарските Зрињски и Интер Запрешиќ.
Со хрватската репрезентација беше вицешампион на светот во 2018 година, кога беше прогласен за најдобар играч на Светското првенство, а за репрезентацијата досега одигра 186 натпревари и постигна 27 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

