ЕКИПА во Сан Марино
Горан Бошев
Вардар е со негатива по првите 45. минути од натпреварот против Ла Фиорита од Сан Марино на гостински терен. Сега предноста од три гола е „стопена“ на два, а она што е загрижувачко е што Вардар тешко се поврзуваше во првиот дел, и имаше само една супер шанса, кога се тресеше рамката од голот на домашните.
Вардар доживеа непријатност во 10. минута од средбата, кога се тресеше мрежата на Талески. Мишковски играше со рака по една акција на Ла Фиорита од десната страна, судијата покажа на белата точка, а Фелипе беше сигурен реализатор.
Момент кој делуваше целосно шокантно за „црвено-црните“, кои до крајот на полувремето тешко ги поврзуваа своите редови. Средината премногу грешеше, крилата беа добро затворени, и тешко се пробиваше дисциплинираната дефанзива на екипата од Сан Марино.

Најдобрата шанса Вардар ја имаше во 41. минута кога Закариќ ја погоди пречката со удар од 20 метри по една, конечно, вистинска акција од страна на „црвено-црните“.
Вардарци ќе мораат многу подобро во вториот дел, затоа што овој резултат е сега активен за противникот, и може да се надева на големо чудо, односно да ја стигне предноста од првиот меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

