Бојан Богдановиќ нема да може да се врати на терените до крајот на оваа сезона по новите компликации со повредите на искусниот хрвтски кошаркар.
Бојан последен пат играше официјален меч на 28 април носејќи го дресот на Њујорк никс, во меѓувреме тој беше трејдуван во таборот на Бруклин нетс, но ќе мора да почека за настап за овој клуб. Имено, повредата на стопалото повторно се искомпликувала, па Богдановиќ ќе мора повторно да биде опериран, по што ќе следи паузиа од најмалку три месеци од терените.
Искусниот хрватски кошаркар досега има одиграно 719 натпревари во НБА-лигата, со просек од 15,6 поени, 3,6 скокови и 1,7 асистенции по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

