Ефикасно стартуваше новата сезона во Првата македонска фудбалска лига со вкупно 20 погодоци на шестте натпревари од 1. коло.
Единствен натпревар на кој немаше погодоци беше во Кавадарци на дуелот меѓу Тиквеш и Работнички, а најефикасно беше во Тетово каде Шкендија славеше против Шкупи со 5-1.
По пет гола имаше на натпреварите во Скопје меѓу Вардар и Пелистер (4-1) како и на денешниот последен натпревар од колото во Кратово на кој Силекс славеше убедливо со 5-0 против АП Брера.
ПМФЛ – 1. КОЛО
Кратово: СИЛЕКС – АП БРЕРА 5-0
Пирес 47′, Ефтимов 53′, Донов 57′, Велиновски 86′, Луковиќ 90′(аг)
Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 5-1
Скопје: ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 4-1
Куманово: БАШКИМИ – АРЕСИМИ 1-1
Струга: СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-0
Кавадарци: ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

