Преискусен Литванец ќе ги решава проблемите на Црвена Звезда под обрачите

Црвена Звезда се најде во голем проблем откако тешка повреда заработи Хасиел Риверо кој нема да биде дел од „црвено-белите“ до крајот на годината па веднаш се активираше на транфсер маркетот за да ја доведе неговата замена.

Истата ја најде во преискусниот Литванец, Донатас Монтејунас кој е кошаркар на Монако, но не е дел од плановите на тренерот Василис Спанулис.

Триесетипетгодишникот има искуство и во Европа и во НБА лигата каде во минатото настапуваше за Жалгирис, Тревизо, Гдиња, Хустон, Њу Орлеанс и Сан Антонио.

Се вчитува...