Панатинаикос до крајот на преодниот рок во Евролигата ќе се обиде да ангажира уште еден центар, пренесуваат грчките медиуми. Станува збор за искусниот Тибор Плајс.
Актуелниот шампион на најсилното европско кошаркарско првенство се соочува со проблеми на оваа позиција по повредата на Матијас Лесор, а и покрај тоа што пристигна Габриел како засилување од Макаби Тел Авив, тренерот Ергин Атаман сака дополнителна свежина и воедно добро познат кошаркар бидејќи соработуваа заедно во Ефес од 2018 до 2024 година, освојувајќи две евролигашки титули.
Германецот во моментот е член на италијанскиот прволигаш Трапани, но тоа не е пречка за тој да се пресели во Атина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА