Хернан Галиндез, голманот на Хуракан се присети на дуелите со Лионел Меси во младинските категории кога сегашната ѕвезда на Интер Мајами настапуваше за Нувил, откривајќи и прекар на легендарниот фудбалер кој не е познат во јавноста.
Имено, прекарот кој го имал Меси бил „El Colorado que juega con la 10“ – „Црвениот кој носи број 10“.
„Го нарекуваа „Црвениот што носи број 10“. Ако си слушнал а тоа име, знаеш дека веќе губиш со 3-0“, откри Галиндез во интерву за „ЕПСН“.
„Беше „ѕвер“. Постојат снимки на кои се гледа како игра, а во живо беше застрашувачки да гледате како некој игра толку добро на тие години“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

