Прекин на дербито: Судијата Митровски погоден од публиката

Вечното дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје во вториот полуфинален меч од македонскиот плејоф донесе неочекуван прекин откако со тврд предмет од публиката беше погоден судијата Зоран Митровски.

Еден од кошаркарите на Работнички се подготвуваше да изведе слободно фрлање кога напрвин пукна петарда до еден од арбитрите, а неколку секунди подоцна Зоран Митровски се пожали дека бил удрен со тврд предмет.

Прекинот траеше десетина минути, на судијата му беше укажана лекарска помош на теренот, а домашниот тренер Мираковски отиде кај домашните навивачи со молба страстите да бидат смирени. На крајот, вечното дерби продолжи, но оваа дамка дефинитивно ќе остане, а Работнички ќе биде казнет за оваа немила случка.

Се вчитува...