Рагби Австралија и Рагби Унијата на Нов Јужен Велс најавија дека ќе ја прекинат соработката со Израел Фалау поради неговите коментари на социјалните мрежи насочени против ЛГБТ заедницата. Тој им порача, и тоа не само на луѓето припадници на ЛГБT заедницата, туку и на атеситите, алкохоличарите, прељубниците дека ги чека пеколот.
Од Унијата најавија дека ќе го прекинат договрот бидејќи неговите вставиви не го одразуваат ставовите на претставниците на овој спорт во Австралија. Уште додавата дека направиле неколку обиди да го вразумат, но не успеале.
Фалау има 30 години и 73 настапи за рагби тимот и се очекуваше да биде значен дел од составот на престојниот Светки куп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА