Прекин на договорот поради незадоволство – Најдобриот голман на сите времиња ќе тргне по стапките на Икер Касилјас?

Јувентус се наоѓа во очајна форма, па односите меѓу фудбалерите и стручниот шатб е климава. Внимание овој пат привлече несогласувањето на Буфон со тимот од Торино, па овој настан одекна како бомба.

„Газета“ пренесува дека Џиџи е незадоволен бидејќи бранеше на само 10 натпревари во сите натпреварувања, иако челниците му ветија повеќе. Иако има 43 години, тој верува дека може да брани на врвно ниво и ќе бара нов клуб. Тој не сака да зборува за тоа, за да не ги повреди навивачите, но нема да ги расипе односите со претседателот Ањели и Пирло.

Џанлуиџи ја разбира ситуацијата, но сака да брани и доколку добие понуда, ќе ја продолжи кариерата во друг клуб. Постојат гласини дека тој би можел да ги следи стапките на неговиот голем пријател Касилјас и да заврши во Порто, кој неодамна го елиминираше Јувентус од Лигата на шампионите.

Но, има и друго решение, доколку не го најде вистинскиот ангажман, тој ќе стави крај, по кариерата која трае веќе 26 години. Легендарниот голман има освоено десет титули, пет купови, 7 суперкупа со Јувентус, како и трофеи со ПСЖ и една титула светски првак со Италија.

Се вчитува...