Вториот пријателски натпревар меѓу Словачка и Македонија што се играше денеска во Братислава не го дочека својот крај откако судиите решија да го прекинат дуелот во третата четвртина, при резултат 54-58.
За разлика од вчерашниот дуел што Словаците лесно го добија, овојпат нашите кошаркари беа подобри на теренот, па и покрај чудниот судиски критериум одржуваа предност. Сепак, судиите се решија да го прекинат мечот на 5:57 минути до крајот на третата четвртина, откако претходно му покажаа намерна лична грешка на Тасовски, за неколку секунди подоцна да му доделат и исклучувачка грешка на плејмејкерот Александар Костоски.
Сосема очекувано, Словаците по слабата организација на мечот и низата инциденти вината не ја бараат кај себе, туку во противничкиот табор, со низа критики на адреса на македонската репрезентација.
„Македонските кошаркари во Братислата покажаа дека се далеку од цивилизирана Европа. Водеа со 58-54, но во првото полувреме за малку ќе го нападнеа судиите, за во второто полувреме по низа груби стартови, по бруталниот прекршк над Ричард Корнер арбитрите да донесат одлука да го прекинат мечот“ – се вели во краткото соопштение на Словачката Кошаркарска Асоцијација.
До моментот на прекинот најефикасни кај нашиот национален тим беа Теодор со 12, Таасовски со 11 и Војдан Стојановски со девет поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА