Натпреварот помеѓу Германија и Данска е во прекин, откако судијата Мајкл Оливер нареди да се соберат фудбалерите на клупите поради невреме во Дортмунд.
Гром удри блиску до стадионот на Борусија, па затоа судијата одлучи да го прекине натпреварот, и да се почека времето да се смири, па да продолжи натпреварот. Во моментов има и град во Дортмунд.
Инаку до прекинот, Германија и Данска играат без голови. На почетокот доминираа Германците, а потоа Данците воспоставија рамнотежа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА