Прекин во Хелсинки, гледач колабираше на трибините

Мечот во квалификациите помеѓу Финска и Полска кој се игра во Хелсинки, е прекинат поради тоа што на навивач на Финска му се слошило на трибините, па неопходно било да реагира лекарската екипа.

Според информациите, лекарите во моментов го реанимираат навивачот, и не е позната неговата состојба. Мечот е во прекин, во моментите кога Финците имаа предност од 2-1. Не е познато дали и кога ќе продолжи дуелот.

Се вчитува...