ПРЕКИН ВО ОХРИД: Воска спорт го напушти теренот, откако Вардар израмни со гол за кој сметаа дека е непостоечки!

Прекин на натпреварот во Охрид меѓу Воска Спорт и Вардар во 28. коло од Првата македонска фудбалска лига!

Домашните фудбалери, по интервенција на стручниот штаб на тимот, во 75. минута од натпреварот се одлучија да го напуштат теренот револтирани од судиските одлуки на натпреварот.

Повлекувањето од теренот на Воска Спорт следеше откако Вардар во 71. минута успеа да го израмни резултатот на 1-1. По шутот од 12 метри на Дурански, топката од гредата се одби зад грбот на домашниот голман. Домашните сметаа дека топката не ја минала гол-линијата, но главниот судија, се чини оправдано, го призна голот.

И покрај револтот, охриѓани продолжија со играта, но по три минути неочекувано, по интервенција на тренерот Клодијан Арбери, се одлучија дефинтивно да го напуштат теренот.

Фудбалерите на Вардар останаа на терен во очекување на разврска.

Се вчитува...