ПРЕКИН ВО ТИРАНА: Полска даде гол, па навивачите ги гаѓаа фудбалерите (ВИДЕО)

Во Тирана вечерва играат Албанија и Полска, но натпреварот е во прекин од 79. минута, кога Свидерски постигна гол за водство на гостите.

Додека се радуваа полските играчи, кон нив полетаа неколку тврди предмети, со што судијата Турпан се реши да го прекине натпреварот.

Засега нема информација дали ќе продолжи мечот, веројатно ќе се бара празнење на трибините на „Ер Албанија“ во Тирана.

Инаку и пред мечот имаше инциденти, откако неколку полски фанови се судриле со албански навивачи пред стадионот.

Се вчитува...